Почнете да продавате побрзо и поевтино, на нови пазари.
Искористете ги придобивките од европска мрежа за дистрибуција и испораки еден ден по нарачката во ЕУ.
Водечките брендови и трговци на мало веќе работат со нас.
Сите ваши канали за продажба автоматски се синхронизираат во една контролна табла за дистрибуција за да можете лесно да управувате и да ги следите нарачките и залихите на едно место.
Вашите производи од снабдувачот одат директно во нашата мрежа на складишта, па ќе гледате само како нарачките течат, а профитот се влева.
Имате увид во состојбата на залихите на едно место, а достапноста на производите се ажурира во реално време за да може да ги дополните пред да се потрошат.
Фактурите се издаваат во име на вашата фирма за клиентите да имаат целосно потрошувачко искуство со вашиот бренд.
Секогаш имате преглед во живо каде се наоѓаат вашите нарачки за да може да го споделите со клиентите во реално време.
Кога ќе се направи некоја нарачка, обучениот персонал во складиштето добива известување за да може производите брзо да се најдат, уредно да се спакуваат и безбедно да се испратат.
Не грижете се за курирските служби. Ние ќе се погрижиме за сѐ во ваше име, од преговарање за цените до осигурување дека секоја нарачка ќе стигне до потрошувачот.
Се грижиме и за повторно ставање во промет на вратените производи за ништо да не остане нерегулирано.
Нашиот тим од вистински луѓе ви стои на располагање за да ви помогне кога вие, нарачките или потрошувачите ќе наидете на проблем и ви треба помош.